Како до работа во Италија?

ИЗВОРСкопје24
|

Стапката на невработени нагло порасна во Италија по економската криза, но место за вредни работници секогаш има.

ИТ стручњаци се бараат во цела Европа, па и во Италија. Освен нив, се бараат возачи за камиони, готвачи и медицински лица.

Можноста за вработување е поголема во текот на летото и зимата кога на море, езеро, планина се бараат сезонски работници.

Тогаш во хотели, ресторани, одморалишта се отвораат места за готвачи, келнери, или аниматори.

Списокот на хотели може да се најде во туристичките бироа, а апликацијата е најдобро да се прати на почетокот на годината.

Платите на лекарите се 3.500 евра, медицински сестри 1.800, ИТ стручњаци 2.500 евра, градежништво 2.300 евра, готвачи 1.800, собарки 1.100 евра, домашна нега 1.300, возачи 2.000 евра.

За работа многу важно е да се знае италијанскиот јазик, а сите дипломи и сертификати мора да бидат преведени на италијански јазик.

Потребни се работна виза и дозвола за престој.