Славчо Попоски со ВОНРЕДНО биометео – КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ!

ИЗВОРСкопје24
|

Со оглед на тоа дека нашата територија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на многу топла воздушна маса која продира од јужните географски широчини односно од северните предели на Африка и истата ќе условува МНОГУ ВИСОКИ температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, токму поради ова на граѓаните им се препорачува во периодот од 11 до 17 часот доколку немораат да не излегуваат на силното сонце.

УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност и ќе изнесува 8. Поради релативно високата влажност во воздухот во вечерните часови ќе има појава на спарина.

Ваквата ситуација ќе влијае особено врз метеопатите каде е можна појава на главоболка како и мачнина и тежина на телото, на граѓаните кој ќе почувствуваат значителни здравствени проблеми ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се пријават кај својот лекар за совети.

Инаку како што веќе кажавме и најновите анализи укажуваат на тоа дека топлотниот летен бран ќе се задржи до крајот на овој месец но со тоа што во текот на следната недела растат условите за нестабилност, детална анализа околу нестабилноста и што точно таа ќе донесе понатаму.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ