„Ова досега не е видено!“ – Овој природен феномен во Унгарија ги запрепастил пливачите во езерото

ИЗВОРСкопје24
|

Огромен облак на изглед како оној кој што формира атомска бомба забележан бил над унгарското езеро Балатон во Унгарија.

Овој исклучителен феномен се формира кога дел од облакот над езерото ќе се измеша со силниот локален притисок и потоа се појавува виножито над водата.

„Во тој момент во езерото имаше пливачи. Облакот беше спектакуларен. Тоа сè уште не сум го видела“ – изјавила Александра Грегор, една од очевидците, а пренесуваат од унгарските медиуми.

Такви микроексплозии можат да бидат катастрофални за авионите кои се наоѓаат во нивна близина, а исто така тие предизвикуваат и силно невреме проследено со дожд и грмотевици.

Феноменот може да трае од неколку секудни до неколку минути, а може да се забележи од голема оддалеченост.