Марија Спасовска се закити со уште еден пехар и диплома „Best singer“

ИЗВОРСкопје24
|

Марија Спасовска на Интернационалниот фестивал за филмска музика Тралала во Охрид ги бранеше боите на својата земја во Охрид, а се натпреваруваше во силна конкуренција како најмлада на фестивалот за филмска музика на кој ќе учествуваа 28 кандидати од 21 земја учеснички од Русија, Украина, Словенија, Италија, Арменија, Малта….

Марија Спасовска настапи со композицијата Reflection од Mulan.
Инаку целиот Интернационален фестивал се одржуваше во Охрид и Битола. Марија покрај настапот за филмска музика имаше можност да се натпреварува на фестивалот во конкуренција од над 100 учесника со уште два настапа. Таа овојпат ја испеа својата композиција “Дома” на мајчин јазик и во категоријата за композиција на странски јазик ја испеа “Where have you been” од Rihanna.

https://www.facebook.com/watch/?v=663640164110511