Уште не сте се одлучиле каде на одмор: Овој град е главната дестинација ова лето

ИЗВОРСкопје24
|

Заборавете на Бали, Санторини и Сан Тропе… Оваа нова луксузна дестинација чија популарност константно расте, се наоѓа во Турција.

Станува збор за градот Бодрум, кој го носи епитетот “турскиот Сан Тропе“, заради своите луксузни хотели, клубовите на плажите, гастрономските сцени и исто така изобилува со суперјахти кои пловат по неговите води. Бројните имотни Европјани, кои не сакаат да се туркаат со многуте луѓе во текот на годишниот одмор, летуваат токму тука.

Бројни истражувачки туристички сајтови, го прогласија Бодрум за една од најубавите летни дестинации за оваа година, велејќи дека ги надминува и преразвиените Бали, каде моментално владее ренесанса со пет ѕвезди.

Бодрум е град кој со својата убавина привлекува боеми, познати личности, модели и светска елита, а покрај ноќната сцена која е многу интересна, познат е и по својот замок од петнаесеттиот век, шармантните улици и марини во кои се наоѓаат многу суперјахти, како оние кои се во сопственост на руските милијардери.

Сигурни сме дека ќе се запрашате зошто порано не сте ја посетиле оваа локација.