Премиерот Зоран Заев по завршувањето на денешниот Централниот одбор на СДСМ изјави дека утре до Собранието ќе достави предлог Нина Ангеловска да биде новиот министер за финансии.
Премиерот, исто така ќе ги предложи Елизабета Наумовска за нов заменик министер за образование, Кирил Колемишоски за нов министер за економија и Неџат Мехмедовиќ за заменик министер во министерството за политики систем.
Заев изјави дека со овие предлози се покажува дека младите треба да се борат и образуваат затоа што високите позиции се достапни за сите.
На Централниот одбор избрани се пет партиски потпретседатели: Мила Царовска, Коста Петров, Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зеќири.