СВЕТСКИТЕ ТРЕНДОВИ ДОАЃААТ И КАЈ НАС: Зошто треба да ја обезбедите иднината на вашето дете?

Вистинската цел на една мајка е на своето дете да му обезбеди стабилна и сигурна иднина и да го изведе на правиот пат.

ИЗВОРBROKER.COM.MK
|

Како мајка вие го сакате најдоброто за вашето најмило, купување на нови играчки, квалитетна храна, облека, сликовници, и други ситници. Но сепак сигурно верувате дека иднината на вашето дете е најважна, а за сигурна иднина во овој свет, кој во секој момент се менува, потребна е финансиска стабилност. Пред вас како родител стои тешка задача да го одберете она што е во најдобар интерес за вашето дете за во овој момент, но и за неговата иднина. Голем број родители се загрижени само за сегашноста и ја занемаруваат иднината, а со тоа не ги поставуваат темелите на финансиската сигурност за своите најмили. Вистинската цел на една мајка е на своето дете да му обезбеди стабилна и сигурна иднина и да го изведе на правиот пат.

Наменското детско штедење е прекрасен начин да го направите тоа! Не само што тие ќе го започнат нивниот живот во светот на возрасните со заштедени пари, туку вклучувајќи ги рано во процесот на штедење им помагате уште од најрана возраст да научат како да раководат со парите. Образованието станува сѐ поскапо со текот на годините, а трошоците за живот постојано се зголемуваат. Не постои мајка којa не се запрашала како најпаметно да ја осигура иднината на своето дете. Постојат повеќе начини да го направите тоа, а со раѓањето на вашето дете финансискиот часовник почнува да отчукува.

Детскиот инвеститорски клуб ја нуди сигурноста која ја посакувате за вашите најмили.

Како изгледа програмата за сигурна иднина преку детскиот инвеститорски клуб?

Како низ бројки изгледа иднината на вашето дете зависно од тоа кога вие почнувате да размислувате за тоа:

Доколку почнете од самото раѓање

Инвестиција 100 ден дневно за период од 18 години.

Вложени 10800 евра со очекуван принос од 7% – 20100 евра, или на пример учество во првиот стан на вашето дете.

Доколку почнете 5 години подоцна

Инвестиција 100 ден дневно за период од 13 години.

Вложени 7800 евра со очекуван принос од 7% – 12000 евра, или на пример универзитетско школување.

Доколку почнете 8 години подоцна

Инвестиција 100 ден дневно за период од 10 години.

Вложени 6000 евра со очекуван принос од 7% – 8300 евра, или на пример почетен капитал за неговиот прв сопствен бизнис.

Низ овие едноставни пресметки, можеме да заклучиме дека колку порано размислувате за иднината на вашето дете толку повеќе можете да го обезбедите. А што би се случило доколку дневно одвоите 200 или пак 300 денари? Финансискиот часовник отчукува секој ден, само прашањето е дали отчукува во ваша полза?! Секој изгубен ден ги ослабува темелите на нивната иднина. Затоа оставете контакт и осигурете ја нивната иднина. Колку порано почнете, толку иднината на вашето дете е посветла!

Роберт Османовиќ