Драма во Хрватска: Рингишпил се расипа на 30 метри висина

ИЗВОРСкопје24
|

Синоќа околу 19 часот дошло до дефект на голем рингишил во Биоград на Море, поради што голем број луѓе, повеќето деца, останале заробени на височина од 30 метри, пишуваат хрватски медиуми.

Припадници на противпожарната бригада на Биоград на Море пристигнале брзо, но не можеле да направат ништо бидејќи противпожарните скали им биле на поправка во Германија.

Побарале помош од колегите од Задар. Скалите стигнале, па акцијата за спасување почнала во 20 часот.

Последните луѓе од рингишпилот биле симнати во 20.30 часот.