Вонредна најава: Доаѓа силно невреме и уште поспарно време

ИЗВОРСкопје24
|

Од утре до вторник(27.08) во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме и појава на град.

Прогноза за 25.08.2019
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 29°С до 37°C
Предпладне сончево, попладне со локален пороен дожд и грмежи.. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. УВ=7

Прогноза за 26.08.2019
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 28°C до 37°C
Предпладне сончево, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ=7

Прогноза за 27.08.2019
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 27°C до 35°C
Променливо облачно, попладне со локален пороен дожд и грмежи. УВ=7