Денеска именден слават оние кои се викаат Сузана, на празникот Света маченичка и девица Сузана.
Сузана е женско библијско име (Шошана) и има значење на лотосов цвет. Персијското име е Саусан (Sausan). Некои верувања велат дека името Сузана е со еврејско потекло. Значење на името е крин, ружа. Затоа за овие жени се вели дека нежни како цвет. Коренот на зборот означува: радосна, весела, светла. Затоа е убаво да имате некоја блиска личност по име Сузана во животот, велат верувањата.
Сузана е едно од десетте најчести имиња во Македонија според статистиката.
Света Сузана била ќерка на римскиот презвитер Гавиниј, а внука на папата Гај. Гај и Гавиниј биле од царски род и роднини на тогашниот цар Диоклецијан. Овој цар имаше некој посинок Максимијан Галериј, којшто сакаше да се ожени со Сузана. Но Сузана му била предадена на Господ Христос и не сакала воопшто да слушне за брак, а особено не за брак со некрстен човек. Оние што ја просеа за царскиот син, големците Клавдиј и Максим, Сузана ги обрати во Христовата вера. Лут поради ова, царот нареди џелатите да ги одведат Клавдиј и Максим со нивните семејства во Ости.
Извор: zenskimagazin.mk