Од сумата ќе ве заболи глава: Еве колку заработуваат српските пејачи во едно лето

ИЗВОРСкопје24
|

Во текот на летото, најпопуларните српски пејачи направија незамислива сума пари од своите настапи, а рекордери меѓу нив се Саша Матиќ и Маја Беровиќ, пренесува српски „Курир“.

Пејачката нема слободни викенди и често има настапи и во работните денови. Во текот на летото, Маја имаше околу 40 настапи пред публиката. Нејзиниот хонорал во просек е 11.000 евра, што значи дека Маја заработила околу 440.000 евра, според пресметките на споменатиот медиум.

Подобар од неа е само Саша Матиќ, која со години е најбарана машка ѕвезда. Тој досега има направено 30 настапи ова лето, а очекува уште пет тезги до крајот на месецот. Неговиот хонорар е 13.000 евра, па ова летото Матиќ ќе биде побогат за 455.000 евра.

Исто така на оваа листа е Аца Лукас. За 24 настапи, од кои за секој доби по 12 000 евра, заработи 288 000 евра.

Незначително помалку од него профитираа Цеца Ражнатовиќ и Лепа Брена. Сопственичката на „Гранд“ имала 12 големи концерти ова лето и нејзината просечна заработка е 20.000 евра, што значи дека е побогата за 240.000 илјади.

Ражнатовиќ е позната по тоа што не настапува секој викенд и ги прави „тезгите“ многу поскапи од концертите на другите колеги. Таа летово има настапувано само петпати и собра 255.000 евра.

Наташа Беквалац доживеа голем скок во популарноста. Таа заработи 210 000 евра од 30 настапи ова лето, со оглед дека просечната цена е 7.000 евра.

До неа е Драгана Мирковиќ, која летово ќе го заврши со 20 настапи и околу 200 000 заработка. Таа би профитирала многу повеќе, но направила неколку концерти на плоштадите бесплатно. Инаку, таа бара 15.000 евра за настап во дискотека.

Извор: vistina.mk