Омилениот холивудски пар го открива рецептот за среќен брак

ИЗВОРСкопје24
|

Ова е несомнено една од омилените славни двојки! Секако дека станува збор збор за манекенката Криси Тајген и музичарот Џон Леџенд кои се запознале во далечната 2007 година на снимањето на спотот за неговата песна „Stereo“.

По 4 години врска, Џон клекнал пред својата сакана, а волшебната венчавка била одржана во 2013 година на италијанското езеро Комо. По повеќе обиди, парот во април 2016 година конечно ја добил ќеркичката Луна Симоне Стефанс, а моментално очекуваат и момче.

Овој љубовен пар секојдневно нѐ развеселува со преслатки семејни фотографии на социјалните мрежи, а Џон и Криси изгледаат вљубено како и првиот ден. Неодамна, музичарот ја откри тајната на среќната врска која е всушност многу забавна и едноставна, а подразбира редовно одење на љубовни состаноци.

Иако Џон дефинитивно не открил топла вода, тој уште еднаш нѐ потсети дека тоа е еден од наједноставните начини да им покажеме на партнерите дека ни значат, дури и по долги години поминати заедно.

„Купете ѝ цвеќе одвреме-навреме. Вашата партнерка треба да знае дека сѐ уште ви значи. Мене Криси денес ми е уште попривлечна одошто ми беше пред 10 години, бидејќи тоа сега не е само физички. Ние сме тим и тоа нѐ поврзува. Сакам ќерка ми да биде сигурна, здрава и да донесува сопствени одлуки. Не сакам никогаш да се чувствува како да е присилена на нешто. Се надевам дека ќе запознае момци кои ќе ја почитуваат и ќе бидат емоционално интелигентни. Но, има време до тогаш“, открил Џон.