Следната недела само 4 работни денови- Неработен ден па споен викенд пред нас

ИЗВОРСкопје24
|

Празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) кој е во среда на 28 август ќе биде неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Македонија.

По овој празник следи 8 септември кој се паѓа во недела, па поради тоа се преместува за понеделник 9. септември кој е неработен ден.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука. За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ: 9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ: 28 Септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.