20 годишна девојка го изгубила помнењето, но повторно се заљубила во своето момче

ИЗВОРСкопје24
|

Не им се случува на сите да успеат да се заљубат или сакаат некој со целото свое срце, а Џесика Шарман имала голема среќа да ѝ се случи тоа двапати. Таа запознала момче, го изгубила помнењето и потоа повторно се заљубила во него.

Таа има 20 години и поради благ мозочен удар го изгубила помнењето, па со самото тоа го заборавила и момчето со кое била во врска. Тие двајца биле во врска седум месеци кога таа имала поголем мозочен удар кој резултирал со губење на меморијата.

Таа ги заборавила сите луѓе кои ги познавала, вклучувајќи го и семејството, пријателите и момчето. Своето искуство го сподели со јавноста и рекла дека се чувствува грозно, бидејќи не може да ги препознае луѓето околу себе и не може да се сети на своето сопствено име.

Нејзините родители Гери и Лиса се расплакале кога таа не ги препознала, а нејзиното момче имало слична реакција. За среќа, таа повторно се заљубила во него и добиле втора шанса да ја обноват својата љубов.