Овој голем глобален егзодус може да се оствари на два начини: или ќе се одлучиме за хаотично масовно бегство со кое ќе биде казнет сиромашниот дел од светот или тоа ќе биде по пат на праведен и одржлив нов свет.
Според предупредувањето на меѓународните организации за миграција при ОН, поради последици од суша, поплави, пожари и глад, поврзани со климатските промени, до 2050-та година меѓу 25 милиони и милијарда луѓе ќе бидат принудени да ги напуштат своите домови. И сите ќе мора некаде да одат, предупредуваат научниците во списанието “Science”.
Најверојатно ќе се работи за околу 200 милиони луѓе, пренесува списанието.
Овој голем глобален егзодус може да се оствари на два начини: или ќе се одлучиме за хаотично масовно бегство со кое ќе биде казнет сиромашниот дел од светот или тоа ќе биде по пат на праведен и одржлив нов свет.
Група меѓународни научници кои се заложуваат за заштита на околината сметаат дека единствен начин со кој може да се избегне првото сценарио – е на време да се почне со планирање на неизбежното “повлекување” од крајбрежните градови.
“Соочени со глобалното затоплување, порастот на нивото на морето и климатските екстреми кои покажуваат тенденција на засилување, повеќе не го ни поставуваме прашањето дали некои заедници ќе мора да се повлечат од крајбрежјето за да се спасат и да избегнат материјална штета, туку каде, како и кога ќе се реализира повлекувањето”, напишале авторите на трудот.
Тие додаваат дека луѓето веќе сега би требало да почнат да се повлекуваат од крајбрежните подрачја и веруваат дека тоа би можело да биде можност за ревитализација на заедницата и прераспределба на богатството на одржлив начин.
Тоа би можело да биде и можност да се субвенционираат нови училишта, болници и да се обезбеди поволно сместување во безбедни региони во внатрешноста, наместо да се преземаат задоцнети чекори во ризични подрачја, како изградба на скапи заштитни ѕидови во близина на морето за да заштитат заедниците чии градови и претходно биле опустошени од силни невремиња, сметаат научниците.
“На Гренлад веќе има доволно мраз кој нивото на морето ќе го зголеми за 7,6 метри, што би можело да биде погубно за крајбрежните подрачја ширум планетата. Веќе би требало да почнеме да се повлекуваме од крајбрежните подрачја, бидејќи ќе се соочиме со многу изгубени метри во идниот век или два”, рекол за “CNN” океанографот на НАСА, Џош Вилис.
НАСА можеби има план за повторно слетување на Месечината, но се повеќе и повеќе внимание посветува на истражување на планетите и се подготвува за тоа што ни следува.
Тоа и не толку необично, со оглед на фактот дека на Гренланд за еден ден се стопиле дури 12,5 милијарди тони мраз.
Овогодишниот 2-ри август влегол во историјата кога станува збор за загуба на ледените површини, а тоа е последица од голем бран горештини кои ги погодиле САД и Европа.
Во малото гренландско село Кулусуни НАСА поставила база за својот научен програм во кој истражува колку температурата на воздухот влијае на топењето на глечерите, но и на кој начин влијае на се потоплиот океан кој го топи мразот.
Промените на Гренланд влијаат на цела планета бидејќи милијардите тони мраз кои се топат го креваат нивото на морето во Австралија, Азија, Европа и САД.
Дополнителен проблем претставува и фактот дека научниците на еден од најголемите гренландски глечери, Хелхајм, забележале езеро, а се воспоставило дека целиот глечер е окружен со топла вода, што не е забележано никогаш порано.
Хелхајм во минатите неколку години привлекол големо внимание токму поради тоа што изгубил километри мраз.
Само во текот на 2017-та година изгубил површина од три километри, а минатата година била откриена санта која се одвојувала од ледниците.