11 методи на воспитување кои ги практикува Анџелина Џоли

|

Ги носи децата во конфликтни зони, не постојат предрасуди, ги учи на различности и ги тера да јадат тарантули – чудниот стил на одгледување деца на Анџелина Џоли.

Анџелина Џоли е една од најобожаваните, но и најконтроверзните ѕвезди, а дефинитивно, не е обична мајка како сите останати.

Прекрасната актерка е мајка на 6 деца и во последниве години посебно е посветена на сите нив.

Таа е свесна дека нејзиниот начин на одгледување на децата е чуден за многумина и неприфатлив, но смета дека за неа тоа е правилно и нејзините деца се среќни.

Чудни методи на воспитување на кои другите родители ѝ се чудат на Џоли:

1. Промовира диверзитет – од културни разлики до избирање пол.

2. Уметничките активности им помагаат на децата за одредени вештини и способности, а Анџелина редовно ги носи на изложби и филмски премиери.

 

3. Ги учи да покажуваат љубов кон животните и преку домашни миленици ги учи на одговорност.

4. Таа е феминист и се бори за родова еднаквост и женските права, па тие вредности се обидува да им ги пренесе на децата.

5. Додека најголем дел од мајките се породуваат каде што живеат, Анџелина ја роди Шајло во Намибија, а Вивиен и Нокс се родени во Франција.

6. Се труди нејзините деца да се хранат здраво, а често знае да подготви необични специјалитети како пајаци и скорпии.

7. Уште додека беше со Бред Пит, никогаш не им беше проблем да патуваат заедно со сите деца, а има изјавено дека ги обожава фамилијарните одмори.

8. Ги учи децата да бидат хуманитарци уште од мали и им вродува љубов кон хуманоста и помагањето.

9. И покрај тоа што сака да биде со сите деца заедно, смета дека секое дете треба да поминува време само со неа.

10. Иако е позната, кога шета по улица или во маркет, таа се однесува како да е сосема обична личност која излегла да пазари заедно со децата.

11. Им дозволува на децата да прават хаос и не ги тера постојано да средуваат, бидејќи хаосот поттикнувал организациски вештини.

 

М. М. | Црнобело