Ќерката на Двејн Рок Џонсон бил вистинска ѕвезда на неговата свадба: Таткото-билдер “пукал” од гордост

|

Во белата тоалета Џезмин се покажала како вистинска ќерка на силниот и борбен татко.

Двејн Рок Џонсон минатиот месец се оженил со својата долгогодишна девојка Лорен, но набрзо станало јасно дека вистинските ѕвезди на оваа венчавка биле нивните ќерки Џезмин (4) и Тиана (1). 

Славните родители објавиле на своите Инстаграм профили дека девојчињата имале посебна улога на венчавката – требало да фрлаат листови од цвеќиња по патеката по која нивните родители оделе до олтарот.

Ова било вистински предизвик за малата Тиана, која уште не е сигурна на нозе, но затоа Џезмин доминирала.

https://www.instagram.com/p/B1p6lNGpbjO/?utm_source=ig_embed

Славниот Рок објаснил и како.

“Да се фрла цвеќе на венчавка е голема одговорност и Џеси ја сфати многу сериозно. Неколку минути пред церемонијата одлучивме да повежбаме. Набрзо сфатив дека таа е одлучна не нежно да ги расфрла листовите од цвеќе, туку да ги зграби и да ги фрли на под со немилосрдна агресија и насмевка. Да, по ѓаволите! Тоа е мојата ќерка”, напишал тој под фотографијата која кажува повеќе од зборови.

Покрај друга фотографија навел што се случило понатаму.

https://www.instagram.com/p/B19MtSPlpl9/?utm_source=ig_embed

“Во својата возбуда и среќа Џеси се сопна и падна додека одеше кон олтарот и сите листови паднаа од корпата. Не плачеше и без мислење почна да ги собира листови и да ги враќа во корпата. Овој момент беше кул и критичен за една поважна работа во животот – наравоучението дека ќе паднеш и ќе станеш. На сите ни се случува. Но, преземи одговорност, крени се, избриши ја прашината од себе, насмеј се и продолжи по својот пат. Горд сум на инстинктот на моето мало девојче”, навел Двејн.

На крајот додал дека на Џезмин и го дал најголемото и најслатко парче од свадбената торта.

“Тоа го прават одговорни татковци. Ги претвораат своите деца во шеќерно торнадо”, духовито додал тој.

https://www.instagram.com/p/B19UyTUFjWZ/?utm_source=ig_embed