|
Комуналните работници под скопското Кале фатиле група на луѓе кои што палеле кабли, објавија од Инспекторатот на Град Скопје.
Раководителот на Инспекторатот на Град Скопје, Мирослав Богдановски на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави фотографии од сторителите кои што, како што вели Богдановски биле соодветно казнети.
Во околината на Скопје палењето на кабли е честа пракса – каблите се палат за потоа да бидат продадени за старо железо. Сепак, и покрај зајакнати контроли, сторителите ретко се фаќаат и казнуваат, иако со своето крајно несовесно однесување го загадуваат воздухот, а можат да предизвикаат и пожар.
Од Пожарна Скопје исто така се огласија на социјалните мрежи и го пофалија Инспекторатот.