Пејачката се повлекува од музичката сцена: „Сакам да основам семејство“

|

Американската рап ѕвезда Ники Минаж ги изненадила своите обожаватели со својата објава дека се повлекува од светот на музиката за да основа свое семејство.

Минаж (36) ги запрепастила и разочарала своите 20 милиони следбеници на Твитер со својата најава дека ќе се повлече од сцена.

„Одлучив да се повлечам и да имам свое семејство. Знам дека сега сте среќни. На моите обожаватели би им порачала само да продолжат да ме поддржуваат сè до мојата смрт“ – напишала Минаж.

Минаж во месец јуни објавила дека планира да се венча за своето момче Кенет Пети, контроверзниот музички извршен директор со криминално минато, а во месец август го променила и своето име на Твитер во “Mrs. Petty“, но не изјавила дека во меѓувреме дошло до венчавка.

Освен тоа пејачката уште во февруари изјавила дека го завршила својот петти албум, засега без налов, но и без датум за негово излегување.

Ники Минаж се проби на американската и светска сцена пред 10 години со својот прв албум „Pink Friday“, а препознатлива е по тоа што не молчи, ниту па на некој останува должна кога станува збор за вербални пресметки.

Минаж освоила и шест „Amrican Music Awards“ награди, по четири MTV и „Billboard Music Awards“ награди како и 10 номинации за „Grammy“ и во 2016-та година се нашла на листата на 100 највлијателни луѓе на светот во списанието „Time“.