Целосно непознато место за туристите: Грчките Малдиви на кои може да летувате за помалку од 300 евра

|

Рајот сепак не е толку многу далеку. Пред неколку децении островот Елафонисос бил полн со диви кози кои неконтролирано трчале меѓу камперите. Меѓутоа како што поминувале годините, дивите кози се изгубиле, патот до плажата целосно пропаднал.

Секако дека колку и да се изгубиле камперите од островот, погледот и убавината на Елафонисос не се изгубиле.

Морето на овој остров секогаш е покра јвас. Дури и доколку сте во главниот град на островот, т.н. Хори, морето повторно е пред вас. Ќе го слушате каде и да сте. Речиси четири километри од метежот на градот, на јужната страна од островот, разделени од заливот Елена, се наоѓаат две од најубавите плажи близначки, Самос и Саракинико кои локалните жители ги нарелкуваат Церацинико.

Оддалеченоста на плажите од населеното место е многу мала, а автомобилот е главното превозно средство.

На Елафонисос нема ноќен живот. Секој кој што оди таму не бара забави. Градот личи на мозаик составен од традиционални куќи со бели дворови полни со живописни цветови и впечатливи бои. Навечер секогаш сите се собираат по таверните.

Хотелите и апартманите не се во голем број, а организираното кампување на Самос е најдобриот избор доколку сакате да доживеете единствена магија на ова место. Најдобрата работа на кампувањето е тоа што секој ден “од кревет“ може да скокнете директно во вода.

Кога ќе поминете неколку денови таму и кога ќе се навикнете на животот во природа, далеку од градскиот метеж и хаосот можеби ќе ја имате таа среќа да сретнете некоја дива коза.