Снимка која ќе ве натера да пуштите солзи – моментот кога таткото лав за првпат го запознава своето дете

|

Зоолошката градина во Денвер објавила видео снимка на која се гледа “запознавањето“ на таткото лав со своето дете.

На него се гледа како тригодишниот татко, лавот Тобиас се спушта на предните нозе за да го поздрави сè уште неименуваниот наследник, роден на 25-ти јули.

Видеото го објавила телевизиската станица „Denver 7“ во петокот.

Во нивната зоолошка градина моментално се оддржува гласање за избирање на имиња, а ќе се одлучува помеѓу имињата Меру, Мореми и Тату.

Првото име е планина во Танзанија, второто е име на резерват за диви животни во Бочвана, а третото е збор за бројот три со оглед на тоа што тоа е трето дете на својата мајка.