Свежо и облачно време, се очекуваат дожд и грмежи

|

Времето ќе биде променливо облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.

Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец, информира УХМР. Утринската температура ќе се движи од 8 до 15, а дневната од 20 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северн ветер. Температурата ќе биде во интервал од 12 до 24 степени.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои на места ќе се спуштат и до нула степени.