Долгогодишното ривалство и непријателство помеѓу двете најпознати пејачки во регионот, Цеца Ражњатовиќ и Јелена Карлеуша, е на прагот да ескалира, соопштуваат српските медиуми.
По наводната афера на Карлеуша со фудбалерот Огнен Врањеш, скандалот се префрли во судница, а ова го разниша и бракот на пејачката.
Во меѓувреме, Огнен Врањеш подготвувал гала роденденска прослава во октомври, по повод неговиот 30-ти роденден, а на прославата ќе му пее Цеца Ражнатовиќ.
-Огнен сака да и оддаде најголема почит на Цеца. Таа ќе биде сместен во еден од најдобрите хотели во Атина, во најскапиот апартман. Со оглед на тоа дека е специјален гостин, Цеца треба да се појави во ресторанот околу полноќ и да ги пее своите најголеми хитови.- открил извор близок на фудбалерот за српски Курир.
-Кој не сака Цеца да му пее на неговиот роденден? Преговорите се во тек. -изјавил Вранеш. Карлеуша не ја искоментирала оваа вест, а можеме само да претпоставиме како ќе изреагира доколку Цеца навистина се појави на роденденската забава на Врањеш.
Инаку Душко Тошиќ и Огњен Врањеш се сретнаа за прв пат по порно аферата што го потресе Балканот, а Јелена и Огњен беа главни актери.
Шок-средбата се случи на стадионот „Партизан“, каде двајцата дојдоа да го следат дерби натпреварот помеѓу Црвена звезда и Партизан.
“Душко дојде со својата помлада ќерка Ника и се смести во првата ложа. Душко беше заедно и со пријателите и може да се каже дека сите беа во добро расположение. По петнаесетина минути дојде и Врањеш со пријатели и се сместиоја две ложи подалеку од Душко, а моментот кога Врањеш седна, сите погледи беа вперени во нив. Гледаа кон едниот, па кон другиот, чекајќи реакција “, вели изворот, кој бил на лице место.
“Наскоро, пријателите на Душко го известија дека Врањеш седел во негова непосредна близина, но Тошиќ не успеа да се воздржи, туку погледна во неговата насока. Во тој момент, двајцата буквално се погледнаа во очи, толку мрачно што се чинеше дека ќе се пресметаат и покрај тоа што луѓето седат меѓу нив “- ја завршува приказната изворот кој се нашол на лице место.
Според соговорникот, Вранеш цело време му се смеел во лице на Душко и ја криел својата нетрпеливост кон колегата. Пријателите кои дошле со Тошиќ тврдат дека тој постојано се воздржувал и не можел да дозволи неговата ќерка да знае дека е во лошо расположение, па се обидел да разговара со неа за да го тргне вниманието од неговиот ривал.
Потсетување, Јелена Карлеуша наводно две години била во љубовна врска со Огњен Врањеш, а тоа избувна како бомба на почетокот на годината. Поради јавните навреди и преписки, Карлеуша и Врањеш сега имаат чести судски рочишта.