Цитати за кармата што ќе ве потсетат дека сите го добиваат она што си го заслужиле

|

Тешко е постојано да се биде позитивен. Сите имаме лоши денови понекогаш. Без разлика дали сте ги заборавиле клучевите, сте задоцниле на работа или сте го пропуштиле автобусот, нормално е тоа што таквите работи влијаат на вашето расположение. Но, најважно е да не ја пренесувате негативната енергија на луѓето околу вас.

Иако можете да влијаете на вашето однесување, не можете да го контролирате туѓото, така што можно е да се случи некој да го пренесе лошото расположение на вас. Неизбежно е тоа да налетате на намуртени и негативни луѓе. Во таков случај, најдобро е да не реагирате, туку да оставите кармата да се погрижи за нив.

Речиси секој слушнал за карма и многу луѓе мислат дека кармата претставува судбина. Дали некогаш сте се запрашале што всушност е нејзиното вистинско значење? Многу од нас грешно го сфатиле значењето на овој збор. Кога ќе ја разберете, кармата може да ви биде моќно оружје за вашиот развиток.

„Зборот карма значи делување, не судбина. Во Будизмот, кармата е енергија која се создава преку акција, мисли, зборови и дела. Сите ние создаваме карма во секоја минута, и кармата што ја создаваме влијае на нас во секоја минута. Распространето е мислењето дека ‘вашата карма’ е резултат на нешто што сте го направиле во претходниот живот, па сега судбината ви е запечатена. Ова е многу различно од будистичкото верување. Кармата е акција, не резултат. Иднината не е запишана во карпа. Можете да го промените вашиот живот во овој момент така што ќе ги смените вашите постапки и шемите кои само ви наштетуваат.“ – Барбара Обрајан.

Однесувањето на другите луѓе е нивна карма. Вашата реакција на него е ваша карма.“

„Кармата само си ги остри ноктите и си го довршува пијалакот. Ќе се појави за кратко.“

„Сѐ што правите ќе ви се врати назад.“

„Престанете да се нервирате поради лошите луѓе.“

„Само запомнете дека сите неволји што ќе ви ги предизвикаат другите луѓе, порано или подоцна ќе им се вратат.“

„Никогаш немојте да се каете поради тоа што сте биле добри со погрешни луѓе. Вашето однесување кажува сѐ за вас, а нивното кажува доволно за нив.“

„Автобусот под кој ќе ве фрли непријателот, ќе заврти и ќе го удри на тротоарот.“

„Кармата никогаш не губи адреси.“

„Ако треба да одбирате помеѓу тоа да бидете добри или да бидете во право, одберете ја добрината и никогаш нема да погрешите.“

„Луѓето кои сами создаваат драма, си ја заслужуваат својата карма.“

„Луѓето кои користат други луѓе како скали за искачување, ќе изгубат рамнотежа еден ден.“