“Одбраа да бидат скиентолози. Наша работа, како родители, е да им пружиме безусловна љубов”, изјавила актерката.
Никол Кидман и Том Круз не се во добри односи веќе со години, а холивудската актерка вели дека нејзиниот поранешен сопруг и децата ја одбрале Скиентолошката црква наместо неа.
Кидман немала добар однос со децата и не била покрај нив додека растеле, уште од моментот кога како и нивниот татко, станала приврзаници на скиентологијата. Сега се обидува да се помири со тоа.
“Мајчинството е како патување. Има подеми и падови, без разлика дали посвојувате или раѓате. Тоа што му е потребно на детето е љубов. Одбраа да бидат скиентолози. Наша работа, како родители, е да им пружиме безусловна љубов”, рекла Никол во интервју за “The Sun”.
Никол од бракот со Круз има две посвоени деца, Изабела и Конор.
Минатата година се шпекулирало дека и е забрането доаѓање на свадбата на нејзиниот син Конор и неговата избраничка Силивија, која е лидерка на италијанскиот огранок на Скиентолошката црква. Со ќерката Изабела, која живее во Лондон, има минимален контакт, но без разлика на се, Никол истакнува дека и натаму ги сака и ги поддржува своите деца.
Киднам, која има уште две деца со вториот сопруг и музичар Кит Урбан, верува дека научила да го прифати таквиот начин на нивниот живот.
“Не станува збор за ништо друго, освен: Тука сум да ве сакам и да ве поддржувам”, изјавила 52-годишната актерка.