Ако ве нападне улично куче отштетата е од 60.000 до 180.000 денари

|

Секојдневно полициските билтени се полнат со вести за скопјани и скопјанки нападнати од кучиња скитници, но ваков проблем нема само во Скопје, туку и во сите градови низ Македонија.

Последниот случај е завчера на Плоштадот Македонија. Во 16,00 часот во Полициската станица Центар, 81-годишниот В.В. од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 13,00 часот на Плоштад Македонија, возејќи се на велосипед бил каснат од куче-скитник во пределот на левата нога.

Во случај да ве касне улично куче, може да барате оштета од Град Скопје и „Комунална хигиена“.

Како што пишува „Независен весник“, висината на отштетата е од 60.000 до 180.000 денари, во зависност од возраста, степенот на повредите, последиците.