Деновите кога јадев само леб и ајвар се завршени, сега сум во Австралија – фала ви мамо и тато

|

Родена сум во сиромашно, работничко семејство. Родителите на сите можни начини се обидуваа мене и брат ми да не’ школуваат и да не извадат на прав пат. Цел живот се мачеа и вредно работеа за да можеме еден ден јас и брат ми да станеме луѓе.

Не испратија на факултет во Скопје и немааа што да јадат ни тие ни ние, а многу често бевме по десет дена само на ајвар и леб.

Ама успеавме некако да го пребродиме тоа, завршивме факултет, ја побаравме среќата надвор и се вработивме. Брат ми се ожени во Австралија, па ме повлече и мене. Сега имаме голема пекарница и годинава почнавме убаво да заработуваме.

Им понудивме на мама и тато да дојдат, но тие велат дека не сакаат да ја напуштат татковината. Колку и да било мачно и лошо, тие сакале да да си останат при својата грутка земја.

Следната година ќе слават 30 години од брак, а никогаш во својот живот не отпатувале никаде заедно. Со брат ми планираме да ги изненадиме со едно заедничко семејно патување и конечно да се собереме сите заедно.

Пресреќни сме што сега, после толку време, на некој начин можеме да им се заблагодариме што својот живот ни го посветија нам и безрезервно не се штедеа двајцата, само за да можеме ние подобро да живееме.

Никогаш, ама баш никогаш не зборуваме за тешките времиња низ кои моравме да поминеме, за тешките и болни моменти, зошто нашите родители кога не’ гледаат преку камерата само голтаат голема кнедла во грлото, ќе се насмеат и ни велат – ВИЕ СТЕ НАШИОТ ЖИВОТ! БИДЕТЕ ВИЕ СРЕЌНИ, ПА И НИЕ Ќе БИДЕМЕ СРЕЌНИ! Мама и тато – многу ве сакам!