Вилата има пет бањи, пет соби и опремена е со најсовремена технологија.
Куќата на Џастин Бибер од неодамна се продава и тоа за 4.490.700 евра. Позната е како “Helsby Hills”, а се наоѓа во село во близина на градот Честер во Англија.
Во таа луксузна недвижнина Џастин престојувал во 2016-та година, кога во текот на светската турнеја настапувал во Манчестер Арената. Дворот се простира на два хектари, а има и сопствен хелиодром.
Вилата прво била наменета како “засолниште” во кое Бибер ќе пронајде мир за да може безгрижно да работи нанови песни.
Недвижнината има модерен дизајн, со големи прозори од под до плафон, а има поглед на прекрасниот двор. Има пет бањи, пет соби и опремена е со најсовремена технологија.
Вратите немаат клуч, туку се отвораат со отпечаток од прст. Има и сауна, џакузи од кое може да се гледа телевизија, теретана и приватна дневна соба за персоналот.
Базенот, сауната и соблекувалната се наоѓаат наспроти спортската сала за Џастин да не се заморува премногу шетајќи по толкавата вила.
Надвор има фудбалски терен, куќа на дрво, соба за билијард…Меѓутоа, со оглед дека во неа повеќе не може “да се крие”, ставена е на продажба.