Влијанието на Вагите симболизира рамнотежа и хармонија, па на многумина ќе им помогне да донесат некакви одлуки кои ќе внесат мир во нивниот живот.
Исто така, ова е период во кој најлесно е да го донесете во ред љубовниот живот, а астролозите истакнуваат дека сезоната на Вагите ќе им донесе среќа на овие хороскопски знаци:
Близнаци
Ви се насмевнуваат многу кокетирања, нови познанства и состаноци. Ќе “кликнете“ со многу луѓе, но тоа не значи дека веднаш треба да се впуштите во врска. За време на сезоната на Вагите, опуштено уживајте во флертот, бидејќи сезоната на Стрелецот секако ви носи нешто посериозно.
Ваги
Очекувано! За вас ова е најдобар период во секоја смисла, па така и во љубовта. Лесно ќе привлечете внимание кај другите поради што ќе се наполните со самодоверба и ќе обрнете внимание на работи кои во друга ситуација не би ги ни забележале, како на пример приоѓање на момци или одење на состаноци на слепо. Прифатете сè што ви се нуди, бидејќи, дури и ако не најдете љубов, сигурно добро ќе се забавувате.
Водолија
Водолиите би можеле да ја запознаат љубовта на нивниот живот. Овој период ќе ви донесе многу нови познанства и големи се шансите дека ќе наидете на некој кој ќе ве воодушеви. А, со оглед на тоа дека знаете дека ќе ве магепса некој кој е сличен на вас, слободно можете да се опуштите и да бидете свои.