Облачно време со врнежи од дожд

|

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има доцна попладне и во текот на ноќта кон петок, кога локално се очекува да наврнат над 30 литри на мета квадратен, информира УХМР.

На места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 16, а дневната од 21 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд и услови за појава на грмежи. Температурата ќе се движи од 13 до 26 степени.

Утре претпладне сè уште ќе има локални врнежи од дожд, особено во југоисточните делови. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и посвежо, а локален дожд се очекува во ноќта сабота кон недела.