„Мојот свет, мојата поддршка, моето сè“: Антониа Гиговска ја покажа мајка си (фото)

|

Младата пејачка Антониа Гиговска иако е меѓу новите надежни имања на домашната естрада, таа очигледно научила дека популарноста не се стекнува само со пеење, туку дека во тоа голема улога игра и приватноста која секогаш е интересна за јавноста.

Гиговска не го сокрива својот живот надвор од сцената, напротив од неодамна откри дека е во љубовна врска и тоа со колега, а редовно е активна и на социјалните мрежи каде објавува моменти од своето секојдневие.

Ако не пее, тогаш ужива со момчето, ужива во храна, но и теретана ама многу сака и да се фотографира и позира.

ФОТО:ИНСТАГРАМ/АНТОНИА ГИГОВСКА

Овој пат Антониа сподели фотографија од нејзината најсилна поткрепа во животот – мама Катерина.

„Мојот свет, мојата поддршка, моето сè“- напиша таа во описот на фотографија каде позира насмеана заедно со мајка си.

ФОТО:ИНСТАГРАМ/АНТОНИА ГИГОВСКА

Инаку, мама Катерина ја поддржува Антониа уште од почетоците кога се натпреваруваше во „Пинк ѕвездички“, а случајот разбирливо не е променет ниту денес кога нејзината ќерка на големо работи на својата музичка кариера.