Пејачката објавила нови фотографии: Фановите се прашуваат дали е бремена

|

Популарната Бијонсе, по пауза од речиси еден месец, повторно е активна на Инстаграм.

Таа своите фанови ги израдувала со нови фотографии во жолта елегантна тоалета која ја истакнала нејзината совршена фигура, но и нејзините добро познати облини. 

Тоалетата ја искомбинирала со силна шминка, кармин со црвено-портокалова боја, дијамантски накит, едноставни сандали со високи потпетици, а косата врзала во долга плетенка.

Фактот дека пејачката некое време не била присутна на Инстаграм, како и објавата на новите фотографии на кои се гледа дека Бијонсе додала некој килограм плус, ги поттикнала нејзините фанови да се запрашаат дали е таа повторно бремена.

Иако уште нема гласини за нова бременост, овие фотографии предизвикале голем број на коментари на оваа тема, а сега се чека само евентуална официјална потврда или демант на овие гласини.