Мислела дека спасила маче, а подоцна сфатила дека дома чува диво животно

|

Кога пред нешто повеќе од две недели Џил Хикс од Тенеси тргнала на вечера со пријателите, на пат пронашла маче. Барем така мислела…

“Прво мислев дека станува збор за зајак. Кога се доближив видов дека станува збор за маче, па го понесов со себе”, рекла Џил за сајтот “The Dodo”. 

Исто така, погледнала дали во близина има уште напуштени мачки.

“Мислев дека некој ги оставил па повикав “мац, мац”. Мачето кое го оставив во автомобилот почна да се качува по мене. Морав неколку пати да сопрам за да го смирам, а на крај ми остана во скутот до дома”, рекла Џил.

Кога го сместила мачето во гаражата, се вратила на вечера. На Фејсбук објавила негова фотографија и прашала дали некој сака да го вдоми.

Сосетката ја посетила и прашала дали може да ги види мачето.

“Мислам дека станува збор за дива мачка”, и рекла таа на Џил. Кога подобро погледнале, се покажало дека сосетката е во право.

“Го издаде опашката. Веднаш забележав дека има кратка опашка, но не погледнав подобро пред да тргнам на вечера. Постојат мачки со пократки опашки, но овој имаше шилест врв и бела точка”, истакнала Џил.

Следниот ден го контактирала Здружението за спасување на диви животни “For Fox Sake”, кое го преземало животното. Се проценува дека станува збор за женка стара седум недели. Ја нарекле Арвен.

Во здружението ќе биде до пролет, кога ќе биде пуштена во дивината.