Поради разни надворешни влијанија некогаш се случува создавачите да не се задоволни со својот краен производ…
Ние кои не се занимаваме со создавање на седмата уметност, не можеме ни да претпоставиме што сè е потребно за еден филм да биде создаден. Од финансии до екипа на продуценти, сценаристи, актери, сценограф, костимограф, техника, непредвидени ситуации… Креирањето на филмот претставува голем предизвик за секој режисер.
Поради овие влијанија се случува режисерот да не е задоволен со својот краен резултат.
Ова се режисерите кои ги мразат своите култни остварувања:
1. Тони Кеј – „American History X“
Само неколку режисери толку многу се залагале за публиката да не го погледне нивниот филм, како што е Тони Кеј. Незадоволен од тоа како студиото „New Line“ го исекол филмот, режисерот напишал неколку отворени писма кои медиумите ги објавиле и во кои се обраќа на публиката за да не го погледне овој негов филм. Тој исто така се обидел да го тргне и своето име од ова остварување, потпишувајќи се како “Hampti Dampti“ и „Ralf Koates“. Американското здружение на режисери ова не му го дозволило, а тој до денес останал огорчен поради ова негово култно остварување.
2. Џос Видон – „Avengers: Age of Ultron“
Вистина е дека Џос Видон ја променил кинематографијата за филмот „Avengers“ кој заработил над 1.5 милијарди долари. Кога дошло на ред да се сними вториот дел, Видон бил ужаснат. Не можел ни да го изгледа филмот до крај, велејќи: „Ужасно си поминав“.
3. Вуди Ален – „Annie Hall“, „Hanna and her sisters“, „Manhattan“
„Annie Hall“ се смета за еден од најдобрите филмови на сите времиња, „Hanna and her sisters“ доби Оскар за најдобро сценарио, а „Manhattan“ важи за ремек дело комедија. Вуди, меѓутоа вели дека верува дека се подобри другите филмови кои ги направил.
„Не знам која е причината зошто луѓето толку многу ги сакаат овие филмови, но јас мислам дека на крајот се избрзани. Имам чувство како да ја издадов публиката“ – вели Вуди Ален.
4. Џоел Шумахер „Batman & Robin“
Речиси сите оние кои што биле вклучени во ова остварување биле разочарани од неговиот резултат. Џорџ Клуни на крајот дури и се извинил поради костимот со изразени брадавици. Бидејќи филмот наишол на многу негативни коментари, Шумахер изјавил дека овој филм го доживуваат како “зло“. „Како да сум убил бебе“ – изјавил режисерот.
5. Дејвис Линч – „Dune“
Освојувајќи Оскара за филмот „The Elephant Man“, Дејвид можел да направи што ќе посака. Тој го избрал „Dune“ иако не ја прочитал книгата.
„Се продадов за тој филм. Тоа е моја вина. Не требаше да бидам дел од тој проект, но видов многу можности кои ми се допаднаа, а филмот имаше структура во која тоа можев да го остварам“ – вели Дејвид.
6. Дејвид Финчер – „Alien 3“
Финчер имал само 28 години кога продицентите на „Alien“ франшизата го повикале за да го режира третиот дел. Имал само пет недели за да се подготви како и недовршено сценарио.
„Беше ужасно. Ова е најлошата работа која некогаш ми се случила. Филмот никој не го мразеше како јас. Морав да се борам за секоја мала работа. До денес никој не го мрази толку колку јас“ – истакнува Финчер.