Синоќа нов земјотрес ја стресе Македонија

|

Нов земјотрес синоќа околу 21 часот и 40 минути е почуствуван во Македонија.

Земјотресот бил со јачина од 2.9 степени според рихтер, на 8 километри северосточно од Ново Село (струмички регион), се вели во неофицијалните податоци на европскиот сервис за сеизмологија ЕМСЦ.