Анџелина Џоли за првпат ги отвори вратите од својот имот вреден 25 милиони долари

|

Актерката Анџелина Џоли (44), додека заедно со нејзините деца се подготвуваа за лондонската премиера на продолжението на „Господарка на злото“, организираше и кратка турнеја во нејзината луксузна вила лоцирана во Лос Анџелес.

Луксузниот имот вреден 25 милиони американски долари има 6 спални соби, 10 купатила, приватна библиотека, пространа дневна соба и кујна со трпезарија.

Дворот се протега на неверојатни 21.000 квадратни метри.

Покрај раскошните градини со базен, имотот е украсен и со фонтани, а има и помошна куќа во која има фитнес сала и затворен базен. Вилата, патем, е стара над 100 години.

Анџелина е позната како одличен заштитник и на човековите и на правата на животните, па затоа ги покажа и своите миленици.

Покрај кучето и зајакот, Џоли има и голем гуштер, кој во никој случај не можеше да помине незабележано.