Сопругата на Борко Ристовски, Нина откри чија копија е синчето (фото)

|

Во февруари 2018 година, Борко Ристовски и неговата сега веќе сопруга Николина ставија потпис во матично и запливаа во брачните води.

Имено, тогаш немаше свадбена прослава туку скромна семејна вечера,  а свадбата веселба се случи на почетокот на оваа година во еден луксузен хотел во Скопје каде присуствуваа  нивни пријатели, но и личности од јавниот свет.

Борко и Нина уживаат во својата семејна идила, а нивната радост и среќа ја зголемува синчето Душан кое име една ипол година.

Тие на социјалните мрежи често знаат да споделат дел од нинвниот приватен живот и да покажат како уживаат.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/НИНАРИСТОВСКА

Кога има некој голем повод, родендени, „Ден на вљубените“, „Денот на мајка“, годишнина од брак итн тие често си честитаат на социјалните мрежи.

Деновиве, Нина откри на кого личи нивниот син. Велат дека ќерките најчесто личат на татковците, додека синовите на мајките, а ова испадна точно и кај Нина и Борко.

Имено, Нина на „Инстаграм стори“ објави колаж од фотографија кога таа била мала и фотографија од Душан, па покажа дека Душан е копија на мама.

ФОТО: ПРИТНСКРИН/ИНСТАГРАМ