Даниел Кајмакоски беше во брак со манекенката Кристина Димитриевска, со која има и дете.
Кајмакоски и Димитриевска веќе половина година се разведени, а српските медиуми очигледно денеска го дознале тоа, бидејќи интензивно пишуваат за тоа.
Како што повеќето од вас знаат, тие откако се разведоа не сака да ги откријат причините и постојано ја избегнуваа темата за разводот, или ако беше неопходно да се изјави нешто, беа кратки и концизни, со нешто не многу конкретно.
Но, после шест месеци веројатно емоциите не се исти, па така двајцата изјавиле која била причината за нивниот брак да пропандне.
„Кристина и јас не сме заедно веќе подолго време. Бракоразводната парница е во тек. Донесовме одлука да се разведеме бидејќи сфативме дека тоа е најдобрата опција за нас. Останавме добри пријатели и ќе настојуваме да бидеме што е можно подобри родители за нашето дете. Поради него сме постојано во контакт. Нашите семејства и пријатели веќе одамна знаат за разводот и сме благодарни за поддршката која ни ја пружаат. Овој период не е лесен за никој од нас“, изјавил Даниел, а пренесува „Скопје24“.
Изјавата на Кристина е малку поконкретна, а и признала дека по разводот била психички ослабната, односно била во депресија.
„Кога сакаш, тешко го прифаќаш фактот дека не ви оди, дека не сте еден за друг. Во тој период не сакав да комуницирам со никој, се затворив сама во себе. Ми изгледаше како цел свет да ми се срушил на глава. По подолг таков период се изборив со болката која ми го уништи срцето“, наводно изјавила Кристина и додала дека вежбањето ѝ помогнало да ја надмине депресијата.
Инаку, Кајмакоски денеска го прославува 36-от роденден, но на социјалните мрежи сè уште не сподели детали од прославата.