Градот во кој на календарите сè уште пишува 1692 година

|

Љубителите на Ноќта на вештерките и морничавите приказни веројатно слушнале за градот Салем и популарните судења кои таму се одржале. Откако сите вештерки биле осудени на смрт, овој град станал инспирација за многу писатели кои низ своите дела го направиле градот Салем да стане “град на вештерките“.

Во овој град “сè се врти“ околу вештерството, па особено за Ноќта на вештерките, задолжително е да се разгледа Музејот на Вештерките во кој туристите се запознаваат со деталите на судењето од 1692-та година. Во музејот може да се види и различното сфаќање и (не)прифаќање на вештерките низ историјата.

https://www.instagram.com/p/B4A8cvGHJjm/?utm_source=ig_embed

Музејот на темницата и вештерките е место каде што за посетителите се приредува претстава која го прикажвува популарното судење на вештерките. Музејот е направен според угледот на местото каде што жените и мажите биле обвинувани за недоволно работење и биле затворани и мачени.

Единствената градба која “била сведок“ на вештерките од 1692-та година е Куќата на вештерките, а во ова место има уште неколку многу стари згради кои се создадени за оние кои сакаат мистериозни и помалку романтични места.

Во Салем купувањето е многу популарна и важна работа. Не само поради тоа што таму има големи трговски центри туку и поради оригиналните костими и накит во готски стил, “стари“ предмети и сувенири, книги со пожолтени страници, гардероба со мотиви на вештерки и паранормални работи…

https://www.instagram.com/p/B1Po8Y-lqKt/?utm_source=ig_embed

За да го запознаете овој град треба да се пријавите на ноќната “проклета“ тура која го прикажува секое место на кое наводно се случувале вештерските ритуали.