Генијалниот актер ги импровизирал овие сцени: “Сите го гледавме зачудено”

|

Филмот “Џокер” предизвикал различни реакции кај гледачите, а на пат е да оствари заработка поголема од 900 милиони долари на светско ниво.

Тоа е така, се смета, поради генијалниот перформанс на Хоакин Феникс, кој, откриваат продуцентите и режисерите, импровизирал неколку сцени во овој филм. 

Феникс во секоја сцена го дал својот максимум за што поуверливо да го одглуми ликот на Џокер, а продуцентите откриваат дека во улогата се внесол до толку што неколку пати сам одлучил што ќе прави со одредени сцени.

“Некои сцени се детално испланирани, како оние кога е во телефонската говорница или кога се качува по скалите. Другите се правени неплански”, рекле продуцентите.

Во филмот можеме да видиме сцена во која Артур Флек стои покрај фрижидер, а потоа вади работи од него и влегува внатре, по што ја затвора вратата зад себе.

“Кога влезе во фрижидерот, прво не можевме да сфатиме што прави. Наместивме две камери, а Феникс размислуваше за тоа што би го направил ако пати од несоница. Сите го гледавме чудно и тоа што го видовме ни беше многу чудно. Што прави тој, дали тој влезе во фрижидер? Беше забавно и чудно да се следат неговите движења”, откриваат тие.

Додаваат дека идентична работа се случила неколку пати, бидејќи Феникс сакал да експериментира.

“Сцената во која Артур пука во ѕид е испланирана, сите знаевме дека во момент ќе испука куршум од пиштолот. Меѓутоа, кога камерата почна да снимка, Феникс стана, почна да игра и да зборува сам со себе. Тоа не изненади. Не сакавме да го прекинуваме и го пуштивме да продолжи со тоа што го замислил”, изјавиле продуцентите.