45-годишната Викторија Бекам ја откри тајната за долгогодишен, среќен и успешен брак.
Во една емисија таа изјави дека љубовта со Дејвид се случила „на прв поглед“. Во моментот кога го здогледала посакала да го има за себе и со него да го помине целиот свој живот.
Дејвид и Викторија запловија во брачните води во далечната 1999 година, а денес се горди родители на 4 деца: 3 синови и 1 ќерка.
Поранешната поп пејачка, а денешна модна дизајнерка е благодарна што се запознала со својот брачен партнер додека двајцата биле многу млади. На тој начин имале можност да созреат заедно и да поминат најразлични животни ситуации со меѓусебната поддршка и разбирање.
Таа додава:
„Знаете, децата се наш приоритет и сè што правиме се врти околу нив. Освен тоа го сакаме она што го работиме и сме си меѓусебна поддршка еден на друг. Мислам дека тоа е особено важно во една врска“.
Освен поддршката, Викторија нагласува дека и комуникацијата е особено важна во еден однос.
„Комуникацијата со партнерот, но и разговорите со децата се особено важни со цел едно семејство добро да функционира“