Пејачката пред собраните фанови се појавила со широка насмевка на лицето, а потоа следело изненадување и шок.
Кралицата на поп музиката Мадона (61) по концертот во Чикаго по напуштањето на театарот ги изненадила собраните фанови кои желно ја исчекувале кога од нигде никаде им се исплазила.
Пејачката од театарот излегла во црни чизми и јакна од брендот „Версаче“, а кога ги здогледала своите обожаватели Мадона не можела да ја тргне широката насмевка од своето лице.
Меѓутоа, никој не очекувал дека кралицата на поп музиката на тој начин ќе ги прозве.
Мадона во рамките на турнејата „Madam X“ веќе шест пати настапувала во Чикаго, а последниот настап на споменатото место бил во понеделникот на 28-ми октомври.
Иако во седмата деценија на животот, кралицата на поп музиката изгледа одлично, а судејќи по интересирањето за нејзините концерти на пејачката годините очигледно не ѝ можат ништо.
Просечната цена на картите за настапите на Мадона е околу 301 долар (се движат со цена од 50 до 757 долари), а ова е новиот рекорд затоа што досега најскапите влезници (270 долари) ги продавале Бијонсе и Џеј Зи заедно.