Бил сопственик на Порше и 12 куќи, а потоа преку ноќ изгубил сè: „Имав пари и мислев дека тоа никогаш нема да се смени“

|

Пол Холидеј (45) бил успешен претприемач од Ливерпул кој во своја сопственост имал профитабилна фирма за изнајмување и продажба на недвижнини и дури 12 куќи низ разни краеви на Англија.

Во тоа време возел Порше и верувал дека го живее својот сон – сè до глобалната криза од 2008-та година кога практично преку ноќ изгубил сè.

„Сè некако се случи многу брзо“ – раскажал овој човек кој сега е татко на две деца.

Тој вели дека Ливерпул во 2008-та година бил европски главен град на културата и доживеал културен и социјален пораст.

На пазарот за недвижнини доживеал вистински пех, па Пол преку ноќ од успешен трговец со недвижнини дошол до тоа што повеќе не можел да продаде ниту една куќа.

Затоа по економската криза со својата сопруга и децата се преселил во Ливерпул во Перт на западното крајбрежје од Австралија.

„Имав доволно пари и не мислев дека тоа некогаш ќе се смени. Живеев на тој начин, излегував често и повремено “ререативно“ се дрогирав“ – признава поранешниот претприемач.

„Верувам дека ваквите работи ни се случуваат како тест, но кога ќе погледнам наназад гледам дека животниот стил кој го имав не беше нималку добар“ – вели тој.

Поранешниот трговец со недвижнини сега својот ден го започнува со пливање, а секојдневно му с епридружуваат нови луѓе кои препознаваат корист од утринската рекреација во морето.