Без електрична енергија утре ќе бидат дел од корисниците од село Арачиново, од општина Илинден, од селата Јурумлери и Стајковци во општина Гази Баба и дел од корисниците од општините Центар, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи, во периодот од 4:00 до 6:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од село Арачиново, општина Арачиново, објектите на Суташ, Белимбегово и Белви, корисниците од населените места Илинден и Бела Земја, општина Илинден, како и корисниците од селата Јурумлери и Стајковци, општина Гази Баба.
Во периодот од 8:30 до 13:00 часот, корисниците од ул. „Наум Наумовски Борче“ бр.72 и ул. „Орце Николов“ бр.93 и бр.95., општина Центар ќе останат без електрична енергија, а од 8:30 до 15:00 часот, корисниците од улица Христо Чернопеев, како и корисниците од околните улички во општина Кисела Вода.
Корисниците од ул. „Востаничка“ бр. 59, општина Кисела Вода и пумпите за водовод во село Волково, општина Ѓорче Петров ќе бидат без електрична енергија во периодот од 9:00 до 11:00 часот. Од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. „Теодосиј Синаитски“ од број 1 до 7 во општина Карпош, како и од 11.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. „Петар Дељан“ бр. 2 во општина Кисела Вода. Без струја во периодот од 12:30 до 15:00 часот ќе бидат објектот на дирекцијата Бетон, како и корисниците од ул. „Јуриј Гагарин“ бр.17 влез 1 и Васил Ѓоргов бр. 26 и бр .47 – Центар за рехабилитација во општина Карпош, соопшти Центарот за управување со кризи.