Само да ве потсетиме дека Наоми Кемпбел има 49 години. Таа со децении владееше на модната сцена, а сега на својот Инстаграм профил споделила нова видео снимка од теретана на која може да се види како вежба.
Хеланките и топ маичката се главниот дел од нејзината опрема за теретана, а теговите ги дига како од шега. Очигледно дека ни таа самата не верувала дека ќе го направи тоа, а во позадина може да се слушне и нејзиниот тренер кој е изненаден од нејзината сила.
Фановите веднаш ја почестиле со коментари во кои ѝ се восхитуваат на мотивацијата која им ја дава, пишуват од „Womenshealthmag“. Нејзиниот тренер Бен Бруно ја споделил снимката и на својот профил за да го изрази восхитот на својата клиентка.
„Ова е одлично. Наоми Кемпбел дига тегови како бос. Јако! Ми се допаѓа“ – напишал тој покрај објавената видео снимка.
Иако Наоми изгледа опасно во оваа видео снимка, не е првпат да ги изненади своите фанови со ваква објава. Често фановите имаат можност да ја видат во акција во теретана во која тренира подобро и од некои мажи кои ги познаваме. Браво, Наоми и благодарам за инспирацијата.