Антониа ја сака, а друга држи за рака: Пејачот на „Либеро бенд“ потајно го гледаат туѓи очи, или има нешто скришно, „очи в очи“? (ФОТО)

|

На сите кои ја следат естрадата им е  познато дека македонската поп пејачка Антониа Гиговска и вокалот на „Либеро бенд“ Иван Јованов се заедно. Тие својата љубовна врска ја обелоденија јавно пред неколку месеци и оттогаш ниту се кријат, ниту негираат – напротив, почнаа да објавуваат заеднички фотографии и видеа од својата заедничка приватност на социјалните мрежи.

И таман сите помислија дека естрадната врска е „бетонирана“, а љубовта помеѓу распеаните љубовници „цвета“, ете ти го Иван во туѓи прегратки!

Антониа Гиговска ја сака, ама друга држи за рака!

Ја гушка, шета, милува, прегрнува… И тоа јавно, сите да видат. Ама тоа е и целта! Што повеќе луѓе ќе слушнат и видат – тоа подобро!?

И сега некој ќе помисли, што му е на пејачот, што ли му направила кутрата Антониа, што вака јавно и се одмаздува?

Одговорот е – никому ништо! Зашто така треба да биде, бидејќи тоа се само кадрите од видеоспотот за новата песна на „Либеро бенд“  насловена „Ќе те сакам“, во која Иван ја сака девојката од спотот… Ама само на видео… Што би рекле „службено“! Супер, а можеби и не? Зашто тоа е само првиот дел од приказната што сите ја знаат!

За таканаречената „Ноќ на вештерките“ или „Halloween“, Иван и неговите „Либеро бенд“, службено имаа настап во едно познато скопско кафуле. А таму, слубено или приватно, меѓу сите гости(нки) се најдoa  и две познати дами.

Ана Николовска,  ТВ уредник и водителка која ја гледате на Алфа ТВ, во нејзината продукциска емисија посветена, на живеењето, станбениот простор, уредувањето на станот и станбениот простор – „Квадрат“ и нејзината ништо помалку згодна и сексапилна колешка, Ирена Вељановска која ја води „Урбан блок“, емисија од истата продукција.

Атрактивните, згодни и убави водителки се најдоа токму во истото „гнездо“ за забава, за која таа вечер беа задолжени Иван и неговите колеги од „Либеро бенд“.

Журката на ниво, забавата кулминира, песните гаѓаат во срце… Арно ама, има некој што не песните туку вокалот го погодил… И тоа изгледа со аморова стрела!? Зашто, како што вели споделениот цитат: „Слабоста на бојата на гласот, е сериозна работа…!“ Ете така…

И навистина е така, зашто може толку да ги „измеша боите“, што „пеперутките од стомакот“ ќе се разлетаа на сите страни и… Ете ти „нова пролет во ноември“!

Впрочем споделените фотографии од местото на „бојата на гласот“, испишани со имињата на пејачот и на една од ТВ водителките, па „обоени“ со црвени срценца  кои пулсираат, се навистина сериозна индикација за нечија „слабост“… на туѓата боја на гласот, а по се изгледа и не само на гласот!

Останува енигма, дали тоа Иван го забележал или веќе оддамна го знае?

Дали пејачот на „Либеро бенд“ потајно го гледаат пар туѓи очи, или има нешто скришно…? „Очи в очи“, во четири очи?

Дали присуството на ТВ водителките на свирката на „Либеро бенд“ беше случајно или има нешто како во песната: „Дојдов пак, тајно моја…“?

Засега дилемата останува енигма, но како и секоја љубовна мистерија кај нас, набргу ќе биде разрешена.

Патем, ја спомна некој Антониа Гиговска, или допрва пејачката ќе се јави да каже, што има да каже? Ако претходно, самото не ни се каже!