Тимоние: Добри вести за ЕУ перспективата ако до мај испорачате и вие и ние

|

Процесот на ревизија на ЕУ постои и доколку се дадат позитивни точки до месец мај и од ваша и од наша страна мислам дека ќе добиеме добри вести, изјави денеска во Собранието францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

Запрашан дали е оптимист дека до мај земјата може да ја заврши домашната задача за да добие зелено светло за преговори со ЕУ, амбасадорот Тимоние при тоа истакна дека најпрво треба да се организираат добри избори, односно да се продолжи во континуитет добивањето на позитивните извештаи од ОБСЕ за организирањето на изборите, но исто така и избирачкиот процес да биде зајакнат. Со тоа, рече, ќе се испорача добра слика за Северна Македонија дека е демократска земја но исто така и дека ги исполнува сите Копенхашки критериуми. – Овој sобраниски состав би требало да го заврши својот законодавен циклус со усвојувањето на закон  што ќе спречи секаков вид насилство врз жените. Би било убав гест, доколку се усвои тој закон, но потоа останува на големите политички партии да се договорат за начинот на организирањето на изборите, но исто така, и да се договорат за поуспешна борба против корупцијата и за поеднакво судство кое успешно ќе се справува со корупцијата. Знам дека е тоа долг пат, но ние сме на ваша страна да ви помогнеме во тоа. Знаете дека постои тој процес на ревизија на ЕУ и доколку се дадат позитивни точки до месец мај и од ваша и од наша страна мислам дека ќе добиеме добри вести, кажа Тимоние пред одржувањето на панел дискусијата по повод одбележувањето на 70-годишнината на Советот на Европа посветена на подорбрување на пристапот до обесштетување на жртвите за трговија со луѓе и родово-базирано насилство