Сара Гигова е „чудо од дете“: И го „украде шоуто“ на братучетката Антониа Гиговска (ВИДЕО)

|

Оние кои ги следат регионалните музички талент шоуа можеа да ја забележат уште пред неколку години, кога на 11 -годишна возраст се појави во „Некои нови клинци“ и воодушеви.

И таму и секаде, каде што подоцна настапуваше на сцената со своите изведби на хитовите на познатите светски и балкански ѕвезди.

По првото искуство, ја видовме и на  „Пинковите ѕвездички“ каде што собраното искуство веќе почна да го покажува, но и да ги впива советите на ѕвездите од жирито, да го вежба гласот и да ги тренира сценските настапи изведби, начинот на интерпретација, однесувањето пред публика, односот кон камерите…

Едноставно стакнуваше самодоверба, додека ја поминуваше естрадната школа, полека учејќи ги сите професионални трикови!