По победата на Мастерсот во Париз, српскиот најдобар тенисер Новак Ѓоковиќ го одржа ветувањето и новата победа во својата кареиера ја прослави со хитови на великанот на народната музика Харис Џиновиќ, баш како што најави неколку дена пред тоа.
Покрај Ноле, во познатите хитови на легендарниот музучар ќе можат да се веселат и белграѓани непосредно пред Нова година кога познатиот уметник традиционално ќе одржи концерт во Сава центар.
„Кралот на меракот“ на 25-ти декември ќе приреди спектакуларна забава за време на настапот во престолнината која со години ја обожува, пишуваат српските медиуми. Покрај неговите најпопуларни хитови „Муштулук“, „И тебе сам сит кафано“, „Рано је за тугу“, „Тражи“ и многу други, Харис најавува дека на публиката ќе и претстави нова песна.
„Се радувам што уште еднаш на Белград ќе му приредам ноќ за паметење, и ќе ги подготвам за новогодишно славење. Ќе пејам повеќе од два саати и затоа спремете се за добра журка,“ велу музичарот кој воедно е и голем убител на тенисот и со години тренира рекреативно.
Тој е особено среќен што славниот српски тенисер ја сака неговата музика.
„Му честитам на Ноле за победата. Многу се израдував кога слушнав дека славел со мојата песна. Му посакувам многу успех и уште многу победи. Секкао дека би бил пресреќен тој да ми биде гостин на концертот,“ изјави Џиновиќ кој веќе ги започна подготовките за децемврисиот спектакл.