Дали ви се наближува некоја куќна слава, именден, роденден или каква и да било прослава? Можеби изненадно ви се појавија ненајавени гости и потребно ви е брзо, вкусно и декоративно мезе?
Овие полнети варени јајца се одличен избор за на трпезата. Се подготвуваат лесно, доволно е да се потрудите да има многу различни вкусови за секој од гостите.
Потребни состојки:
- Ајвар
- Кечап
- Мајонез
- Сенф
- Хумус
- Урнебес салата
- Авокадо намаз
- Сечкани маслинки, магдонос, ротквици
Начин на подготовка:
1. Сварете тврдо околу 10 јајца (или онолку колку што сметате дека ви се потребни).
2. Внимателно исечете ги на половина и отстранете ја жолчката (жолчката може да ја употребите во намаз правејќи комбинација со мајонез, кечап и сенф).
3. Наполнете ги празните белки со фил по сопствен избор: намаз од авокадо, хумус, цвекло, урнебес салата, руска или пилешка салата… сè што ќе ви падне на памет.
4. Декорирајте со сечкани маслинки, крукчиња ротквичка, свеж магдонос, црно семе, итн.